Јанкулоска: Заев тоне кон дно - да не дозволиме да ја повлече Македонија!

Гледајќи како тоне Зоран Заев да не дозволиме и Македонија да ја повлече кон дното, порача министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на вчерашната трибина во Свети Николе.

- Човек кога зборува за реалните проблеми не може а да не се осврне на нешто што се случува во последните неколку недели во Македонија, односно неколку месеци станаа, а тоа е виртуелниот свет кој опозицијата се обидува да го создаде со незаконски прибавени материјали кои ги комбинира, монтира и одлучува што ќе пушти и на кој начин да го презентира тоа што ним ќе им одговара, рече Јанкулоска.

Зоран Заев, како што додаде, е тој што одлучува кој дел под приватниот живот на илјадници луѓе за кои тврди дека имаат прислушувани разговори ќе го пушти и каква конотација ќе даде за било кој сегмент од постоечките монтирани разговори.

-Меѓутоа македонскиот народ е доволно мудар и паметен и не треба Зоран Заев да ни каже како работи Владата, локалните самоуправи и зошто вие сте застанале зад мнозинството на кое му верувате. Ние за жал се најдовме во една ситуација во која еден просечен политичар се обидува да го диктира темпото на политичката сцена во Македонија, притоа не е свесен дека како инструмент на странски служби всушност е само алатка која се користи за нарушување на мирот на граѓаните на Републиката, нагласи Јанкулоска.

Таа додаде дека токму на Зоран Заев очигледно не му се допаѓаат проектите, но и работата на МВР од кое се задоволни многу граѓани. Јанкулоска смета дека Зоран Заев неможе да биде патриот затоа што работи за странски служби и открива доверливи податоци и не случајно според неа, опозицијата бира во центарот на објавените разговори да бидат безбедносните служби и економијата, со што би се нарушила стабилноста и кредибилитетот на државата. 

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа