Американскиот заменик помошник државен секретар на средба со премиерот Груевски

Американсккиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји, денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија, потврдија од Амбасадата на САД во Скопје.

Предвидено е за време на двоедневната посета Ји да се сретне со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатиајта Никола Попоски и со Народниот правобранител Иџет Мемети.

Се очекува заменик помошникот државен секретар да одржи средби и со лидерите на опозициската СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, како и со претставници на граѓанскиот сектор.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа