На Велигден штипјани имале блиска средба со демонски сили !?

Четворица верници од Штип, враќајќи се од црква во еден часот по полноќ биле шокирани по неверојатно искуство што го доживеале ноќта на Велигден 

 

„Се враќавме од црква. Сопругот одеше покрај реката и одеднаш рече дека некој оди до него, му дише во вратот, а околу нас немаше никој. Потоа ги оставивме свеќите на бехатонот и одеднаш силен оган колку половина метар се крена нагоре. Кога тргнавме кон него, оганот сам од себе се угасна“, вели за „Старплус“ штипјанката која барала да остане анонимна.

На оваа брачна двојка ѝ биле потребни неколку дена да се соземат и она што го доживеала да го раскажат. Сé уште под силни импресии на преживеаното, тие имаат свое објаснување за она што го виделе:

Ми рекоа дека кога овде работеле, ископале коски. Мислам дека има несмирени души и ова место треда да се освети“, убедена е оваа штипјанка

За локалната ТВ Стар, црквата во Штип, пак, има поинакво толкување. „Според нас, станува збор за привидение кое ги искушува верниците и е дело на ѓаволски сили“, изјави протојереј ставрофор Николче Ѓорѓев.

Сепак, доколку на ова место навистина се пронајдени остатоци од стари гробишта, дали тие не треба да бидат соодветно црковно третирани:

„Ако ги прашате археолозите, ќе ви кажат дека насекаде има коски. Тоа не значи дека треба да се изведуваат посебни обреди. Ние имаме денови кога се молиме за душите на сите православни починати верници, и тоа е доволно“, појаснува протојереј ставрофор Ѓорѓев.

Пешачката патека е изградена пред точно една година и оттогаш досега илјадници штипјани и дење и ноќе шетаат по неа. Досега никој не се пожалил дека доживеал непријатна ситуација или имал средба со ткн. оноземни суштества.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега