Реализација на повеќе капитални проекти во општина Кавадарци

Изградба на нов објект за територијалната противпожарна единица во градот и продолжување на кејот на реката Луда Мара кон кавадарелкото село Ваташа во должина од околу 200 метри, се само дел од капиталните проекти за општина Кавадарци за наредниот период, информира денеска за МИА градоначалникот Александар Панов.

- Во крајна фаза е проектот за зонското паркирање во Кавадарци. Очекувам голема експанзија во поглед на реализацијата на неколку инфраструктурни објекти кои се од суштинско значење за кавадарчани. Тука се и проекти кои треба да придонесат за развој на економијата, туризмот и екологијата, а најавуваме и отворање центар за невладини организации и младински културен центар. Сето тоа со цел подобрување на животот на граѓаните во нашата општина, рече градоначалникот Панов.

Тој најави и реконструкција на улици, училишта и патната инфраструктура кон селски месни заедници. Меѓу другото, Панов посочи дека во процедура е и решавањето на прашањето за градскиот базен во Кавадарци.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа