Честитка по повод Велигден од Македонското друштво „Илинден“ од Тирана

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ - Тирана Никола Ѓурѓај денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ - ОА г.г. Стефан и православните верници.  

- Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското Друштво „Илинден”-Тирана, и името на Македонското национално малцинство во Република Албанија. Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот Христијански празник, се вели во честитката од Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа