Кој и зошто пукаше во Владата?

Од МВР засега немаат детали за експлозивниот инцидент кој се случи во петокот вечерта во близина на споменикот „13 Ноември“ кај Владата. 

Имено сеуште се врши анализа за типот на експлозив кои ги вознемири скопјани. 

МВР претпоставува дека експлозивната направа е фрлена или истрелана од подалеку.

За среќа нема повредени, а не е причинета ниту материјална штета. Од МВР сеуште не даваат одговори за видот на експлозивот, и како истиот бил лансиран дали, од близина или од подалеку.

Ваков сличен инцидент се случи и лани, на Кале кога беа истрелани два проектила со рачен фрлач со калибар од 40 милиметри, за кои се верува дека беа испалени од автомобил во движење. Една од гранатите погоди објект на Владата и беше предизвикана материјална штета. 

МВР до ден денес работи на овој случај, а само неколку дена по експлозијата со соопштение се јави дотогаш непознатата Национална ослободителна армија (НОА) превземајќи ја одговорноста за овој инцидент. Тие побараа подобрување на статусот на Албанците во Македонија.

Кон Владата било стрелано и во 2007 година со два проектила од тромблонски минофрлач. МВР тогаш соопшти дека се работи за терористички напад. Сторителите на ина овој инцидент не се откриени.

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега