Бигорскиот манастир подготвен за велигденските празнувања

Се прават последните подготовки за вечерната служба за Христовото воскресение - Велигден во македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, каде се очекува присуство на голем број верници и граѓани.

Уште од почетокот на страсната недела во Бигорскиот манастир престојуваат голем број верници. На овој верски празник во манастирот присуствуваат повеќе од две илјади верници од сите делови на земјата и од странство. Некои од нив остануваат во Бигорскиот манастир и по неколку денови.    

Христовото воскресение вечерва ќе биде дочекано и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар каде, како и во сите храмови на МПЦ - ОА, ќе се одржи саботна ноќна богослужба.

 

 

Оцени ја веста

11.04.2015 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа