Наредната недела ќе ни започне со дожд - за Велигден ќе пука сонце

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло. Мала локална облачност ќе биде застапена во западните планински предели. Претпладне ќе дува умерен ветер од северен правец, а попладне ветерот ќе го промени правецот во јужен.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а попладне од јужен.

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и релативно топло што ќе овозможи интензивно топење на снежната покривка на планините.

В недела кон крајот на денот ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за локална нестабилност проследена со краткотраен локален дожд и со грмежи.

Во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега