Жаре Бербер им одговори на СДСМ

Жаре Бербер одговори на прозивките од СДСМ. Вели дека го иритира дволичноста, но сепак им простувa, јавува Курир.

 

-Не знам зошто, но излегува дека јас го кажувам она што другите го мислат. Секогаш ме иритирала дволичноста  и лицемерието кај луѓето, можеби поради тоа ме погоди  и ова претходното.  Но, моите пријатели во Прилеп и во цела Македонија знаат дека јас никому не сум наштетил. Напротив, секогаш кога сум можел,  секому сум  помогнал, изјави Жаре Бербер за Курир и додаде дека неговата “политичка” опција во животот е музиката, хуморот, позитивната енергија, човечноста и никој тоа не може да му го ограничи. 

 

Импутирањето на разни небулози го разбирам само како атак кон јавна личност, истовремено им простувам на сите и им посакувам многу здравје и успех во животот. Бидејќи периодот на постот не го сфаќам формално,  убеден сум дека секое лицемерие и  било каква неправда од мене сторена, кон било кого,  се враќа како бумеранг, вели Жаре Бербер.

 

Затоа, како што потенцира, внимава да остане во вистината секогаш, и по овој повод наспроти интригите и подметнувањата.

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега