Груевски на големиот собир: Мрачните игри на опозицијата дополнителна мотивација за нас за нови мерки

 

Ако нешто успеаја да направат овие од опозицијата со нивните мрачни игри, успеаја да ни направат дополнителна мотивација за уште повеќе мерки и проектии, кко и решавање на проблеми на народот, рече премиерот Груевски на народниот собир во Тетово.

Тој рече дека од таа додатна мотивација ќе произлезат  многу нови мерки, многу добри и конкретни работи за нашиот народ, во сите сегменти, со цел да обезбедиме подобри услови и подобар живот, повеќе можности.

-Тоа е нашиот одговор, тоа ќе биде одговорот на Македонија, кратко и јасно – Ние можеме да работиме, да креираме, да создаваме, да помагаме на нашиот народ, и нема да дозволиме да не вовлечете во вашите сценарија! Тоа е нашата борба за Македонија! Тоа е како ние ќе одговориме, со работа, со многу работа, да ја оправдаме уште повеќе, големата поддршка која народот ни ја дава., рече Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега