Груевски: Македонскиот народ е помудар од Заев и неговата група
Народот е помудар од Заев и неговата група, народот е нашиот бедем, со чисто срце и волја ќе се бориме за нашата Македонија и за секој еден наш граѓанин, порача премиерот Груевски од народниот собир во Тетово.
- Го потценија народот и љубовта на нашиот народ кон сопствената држава и нивниот капацитет за расудување и препознавање кога некој прави нечесна и валкана игра, тоа е тоа што нив ќе ги урне како кула од карти, тоа е тоа што ќе му се врати како жесток бумеранг на инспираторот на ова мрачно сценарио според кое ќе се урне надежта кај нашиот народ, според кое треба да се сруши се во кое тој верува, да се обесхрабрат и разочараат во нас луѓето, да се дестабилизираат институциите и да може да хара овдека кој како сака и да спроведува туѓи агенди, рече Груевски.
Груевски нагласи дека ова што го прави опозицијата ќе им се врати како бумеранг затоа што одбрале погрешен пат, затоа што одлучиле да се здружат и да си ја продадат душата на некого, против интересите на државата.
-Ние сме тука пред вас, и јавно им порачуваме и од овдека, од Тетово, Македонија е посилна од вас, народот е помудар од Заев и неговата група, народот е нашиот бедем, со чисто срце и волја ќе се бориме за нашата Македонија и за секој еден наш граѓанин, и ќе работиме уште посилно и уште повеќе, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа