Комората на вештаци на Република Македонија спроведе обука од областа на економијата
Комората на вештаци на Република Македонија денеска ја спроведува втората обука, овој пат од областа на материјалното, сметководствено и финансиско работење.
Комората за вештаци има законска обврска и основна задача и е да спроведува континуирани обуки, а истовремено и вештаците имаат обврска тие обуки редовно да ги посетуваат, со цел за поефикасно вршење на сите вештачења. Целта на обуката е да се стекнат со нови знаења и со нови методи, подвлече претседателот на Комората за вештаци Д-р Васе Доневски.
Комората на вештаци на Македонија брои 960 членови, а од областа на економијата има 237 членови.
-Овие обуки ги спроведуваме од сопствени средства на Комората. Котизацијата е симболична сума од 150 денари и учесниците на крајот на обуката ќе добијат потврда дека ја посетиле обуката, додаде Доневски.
Првата обука која се реализираше пред два месеци беше од областа на медицината, денешната од областа на економијата, а како што истакна Доневски, идните обуки ќе бидат од останатите специјални области како што се: машинство, сообраќај, геодезија, психологија...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа