„Велигден е ден на радоста и најзначениот ден во историјата на човештвото“
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка по повод празникот Велигден за верниците од каточка вероисповед.
- Велигден е ден на радоста и најзначајниот ден во историјата на човештвото. На овој голем ден Бог ја приложи најголемата жртва и на човекот му ја откри смислата за неговото постоење. Овој светол ден нека биде и понатаму силата да истраеме во саможртвувањето кое секојдневно го правиме, со цел да ја искорениме неправдата и злобноста кои ги има насекаде околу нас, наведува во честитката.
Во неа додава дека како христијани наша света мисија е да се радуваме на животот и љубовта, да создаваме, да се помагаме, да сме посветени и да живееме во верата духовно исполнети. - Мораме, стои во честитката, да ги почитуваме христијанските вредности, како и да работиме за подобра иднина на секој човек и никогаш да не се откажуваме од она што ни создава просперитет.
Вељаноски во честитката посочува дека во ова време на големи искушенија, мораме да сме единствени и сплотени пред предизвиците и секогаш да изнаоѓаме вистински решенија за доброто на сите граѓани.
- Во таа насока, слободно можам да кажам дека авторитетот на Католичката црква дава придонес за заеднички соживот на сите граѓани во Република Македонија без разлика на својата етничка или религиска определба. Само така можеме сигурно да чекориме кон изградба на модерна и просперитетна Република Македонија, стои во честитката од претседателот на Собранието во која посакува овие свети денови да ги поминат во духовен мир, со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа