Редок феномен на небото: Денеска целосно затемнување на Месечината

 

Целосното помрачување на Месечината или Крвава Месечина ќе се случи денесека.  Според податоците кои ги објавува НАСА, овој феномен се случил неколку пати во последните 200 години.

Експертите  предвидуваат дека Месечината ќе биде целосно помрачена цели 5 минути, и дека таа појава ќе може да се види на небото во САД, Азија и Австралија.

Библијата на кралот Џејмс (англиски превод на светата книга од 1611 година) наводно ја предвидела оваа ситуација: „Сонцето ќе се претвори во мрак, а Месечината во крв, пред големиот и ужасен Господов ден да дојде“.

Aмериканскиот свештеник Џон Хаги, пак,  тврди дека многу е симболично времето на појавата на овој феномен за време на одбележуавње на католичкиот Велигден. Тој посочил дека овој феномен се случува исклучиво во период од три дена „ од петок, Исусовата смрт, до недела, неговото воскреснување“.

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега