Гласноговорниците на СДСМ со агресија и говор на омраза поради пропаднатото сценарио

Кулминира нервозата во редовите на опозициските фронтмени. Со повици за линч и говор на омраза кој преминува во агресија овие луѓе докажаа дека не се борат за слободата на говорот, туку се водени од желбата за гола власт, па се служат со интриги, пцости и закани.

Вербалниот напад на Стојанче Ангелов кон уредникот на Нетпрес, Дејан Николовски е последниот во низата докази дека на лицата во и околу СДСМ воопшто не им е грижа за слободата на новинарството.

Ваквите напади се резултат на недостаток на аргументи откако сценариото на нивниот лидер Зоран Заев беше целосно разобличено на очиглед на целата македонска јавност. Кога тезите на СДСМ пропаднаа во вода се стави и крај на црното сценарио со кое имаа за цел да ги срушат државните интереси на Република Македонија.

Неможејќи да се соочат со дебаклот, лицата блиски до Заев почнаа да се служат со нечовечки средства повикувајќи на насилство. Ангелов синоќа жестоко вербално го нападнал уредникот на Нетпрес, а горд на тоа, се пофали и на својот Фејсбук профил.

-Синоќа, сосем случајно налетав на него. Да не бев политичар, ќе беше многу едноставно. Го фаќам за врат и го трескам од земја! Безмислосно! Па што сака нека биде. Но сега... Сега јас сум политичар. И треба да бидам фин... Премногу сме пасивни. Но! Отсега натаму нема!...Ќе платиш за се! Ќе платиш и тоа како!....Но, можеби еден ден нема да бидам политичар и некаде на улица ќе налетам на тебе, напиша лидерот на „Достоинство“, Ангелов.

Очекувано, за овој негов насилнички чекор, доби поддршка од медиумите блиски до СДСМ и финансирани од СОРОС. Инцидентот бил снимен од нив и објавен на Интернет, а најголемиот дел од нив објавија и вест на оваа тема.

Ниту еден новинар во овие медиуми не напиша осуда за ваквото однесување на еден политичар врз македонски новинар.

Она што е уште поскандалозно е дека заедно со гласноговорниците на СДСМ молчат и ЗНМ и ОБСЕ. Тие не реагираат кога напаѓаат нивните луѓе.

Дека гневот кај лицата кои гласно ракоплескаа на “бомбите“ на Заев го достигна врвот, говорат и последните случувања.

Уредникот на ТВ Алсат, кој е фаворит на СДСМ за директор на МРТВ кога Албанец би бил премиер, Мухамед Зекири ја цензурираше емисијата на Васко Ефтов. Иронично, но токму Зекири се претставува себеси како професионален новинар и водач на битката за слобода на медиуми.

Новинарот деновиве е во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи излезе со став дека првите луѓе на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска, влијаеле „Во центар“ повеќе да не се емитува, пишува порталот.

Самиот Ефтов тврди дека зад одлуката на Зекири стои сценариото на Заев и Шекеринска. Тие според него одлучиле да биде цензурирана и отфрлена емисијата.

Овие примери иако се доволно скандалозни сами по себе, не се единствени. Тука е и континуираниот говор на омраза од првите луѓе на опозицијата во кој предничи Саше Политико.

До каде се подготвени да одат со нервозата докажа и уште еден фронтмен на СДСМ, Никола Гелевски. Тој во гостувањето на 24Вести жестоко го нападна аналитичарот Пандов. Гелевски агресивно реагираше, навредуваше, се дереше среде емисија и буквално експлодира заканувајќи се.

 Неговиот настап во најмала рака во јавноста и преку социјалните мрежи е оценет како скандалозен. Но, ваквиот речник на платениците на СОРОС кои жестоко ја бранат политиката на СДСМ не е ништо ново. Јавно неколку пати досега можеше да прочита за бесрамните навреди и недолични зборови искажани од Сашо Ивановски, како и заканите на Бранко Тричковски кои пишуваше дека сонувал дека го убил премиерот Никола Груевски, а го сечел на парчиња вицепремиерот Зоран Ставрески.

За сето ова ЗНМ и претседателот Насер Селмани молчат. Тој наместо да ги осуди овие напади во кои се вмешани новинари, се става во заштита на оние кои напаѓаат. Така, кога емисијата на ЕФтов беше забранета, Селмани го одбрани зекири.

 

СДСМ и нејзините гласноговорници прибегнуваат кон вакво однесување затоа што се целосно разобличени и нервозни. Нивните обиди за дестабилизација и рушење на државните интереси беа срушени со недвосмислени докази и признанија кои говорат за соработка со странски центри и прислушкување кое се одвивало со нивна координација.

 

 

Оцени ја веста

28.03.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега