Црна Река прелева на старите места кај Тројкрсти и Тополчани

Последните дождови предизвикаа да се подигне нивото на Црна Река и повторно да се излее на две места и да поплави некои површини.
 
- Поради дождовите е зголемено нивото на Црна Река и на две места кај селата Тројкрсти и Тополчани Црна Река е излеана од коритото и се поплавени земјоделски површини во атарот на селото Лознани, општина Могила. Засега нема пријавено дека вода има во некои објекти, изјави Илко Петкоски од прилепскиот Центар за управување со кризи.
 
Двете места каде водата од коритото на Црна Река прелева се истите точки кога прелеваше за време на зимските поплави.
 
- Тоа се истите места, но сега не може да се интервенира. Поради големата влажност на почвата, не може таму да влезе механизацијата. Кога ќе дозволат условите, ќе се работи на подигнување на насипите, вели Петкоски.
 

 

Оцени ја веста

28.03.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега