Конечно одмор: Подгответе се за голем продолжен викенд наредниот месец

Подгответе се голем велигденски продолжен викенд. Оваа година, големиот христијански празник се паѓа на 12 април, се разбира во недела. Согласно Законот за празниците на Република Македонија, следниот ден, 13 април, ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија. 
Неработен ќе биде и петокот, односно 10 април но само за православните верници. 
Тоа значи дека од 10 април, па се до 13, односно петок, сабота, недела и понеделник ќе бидат слободни денови за сите православни верници. Заедно со викендот тоа се 4 неработни денови што е одлична можност да отпатувате некаде.
Иако прогнозите треба да се земат со резерва бидејќи до велигденскиот празник има уште повеќе од 3 недели, сепак, метеоролозите најавуваат главно облачно време, а во понеделник невреме со грмотевици.
За католичките верници, оваа година Велигден е на 5 април. За нив, неработен ден ќе биде 6 април, понеделник, првиот ден Велигден

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега