За овој прекршок македонската полиција трајно ќе ви го одземе возилото и ќе платите 500 евра казна

Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина, полицијата ќе трајн ќе ви го конфискува возилото. Покрај одземањето на возилото, ќе платите и глоба во износ од 500 евра. Оваа новина доаѓа со измените на Законот за јавни патишта. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините. 
 
На барање на руралните средини  со измените на Законот  се овозможува заштитниот  појас покрај регионалните и магистралните патишта да не биде помалку од пет метри, наместо досегашните 20. Со оваа одредба, појасни Јанакиески, ќе овозможиме да се легализираат  определен број објекти и да се урбанизираат  определени подрачја. 
 
Попрецизно се регулира и одобрувањето и поставувањето натписи, реклами,  табли и инсталации  во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столбчиња на патиштата во општините и Град Скопје.
 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега