МАН: Зекири јавно да му се извини на Ефтов поради експлицитниот говор на омраза

Македонската асоцијација на новинари попладнево испрати соопштение со кое го искажува својот став по однос на изјавите на главниот уредник на националната телевизија Алсат М, Мухамед Зекири, како и одлуката на Алсат М да забрани понатамошно емитување на емисијата Во центар на авторот и новинар Васко Ефтов.

во продолжение следува интегрален текст од соопштението на МАН

Во Македонија досега, во ниту една прилика и за ниту едни цели, уредник не изјавил презир и навреда кон новинар како што тоа го направи уредникот на Алсат M, Зекири за новинарот Васко Ефтов, автор на емисијата Во Центар. Имено, Зекири објави дека емисијата Во центар нема повеќе да се емитува на Алсат М, и дека не сака ни името на авторот Ефтов да го спомне од, како што вели Зекири, хигиенски причини.

Изјавата на Зекири е темелен говор на омраза, и ретко видена во новинарската професија во Македонија, особено кога се работи за колега со углед и високи стандарди.

- Одлуката нa Алсат М да ја забрани емисијата на Васко Ефтов, Во Центар само затоа што обработувала тема за соработна на УЧК и ЦИА ја сметаме за навреда на професијата, и за чин на отворен притисок врз автор и уреник на емисја која има над 10 години традиција во Македонија, со што Алсат М го губи моралното право во иднина за овие теми да спомнува други медиуми.

Бараме уредникот Зекири јавно да му се извини на Васко Ефтов и да биде земен во постапка, заради експлицитен говор на омраза, од страна на Советот за етика во медиумите, како и за неговиот говор на омраза да се произнесе ОБСЕ.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега