Толку од сонцето - какво време не очекува оваа недела?

Претежно облачно со локални појави на врнежи од дожд а на повисоките планини снег. Вакво време најавуваат метеоролозите во текот на неделата. Во понеделник не чека претежно облачно време наместо со врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 3 степени наутро до 11 степени во текот на денот.

Во вторник не чека повторно облачно време но и малку повисоки температури кои вотекот на денот ќе достигнат до 14 степени. 

Најстудено наредната недела ќе биде во среда кога температурите нема да надминат 10 степени.

Во четврток ќе има благо разведрување но и покачување на температурите кои ќе се движат меѓу 5 и  степени наутро и до 17 степени во текот на денот. 

За викендот не планирајте прошетки на отворено биејќи уште од петок следи ново заладување кое ќе ги спушти максималните температури на 10 степени, а постојано ќе врне и дожд.

 

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега