Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Кочани и Берово ќе се одржат отворени денови за граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.

На отворените денови во Кочани ќе присуствуваат директорот на  Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, како и претставници од секторите и одделенијата во Агенцијата.

На средбите, граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивни интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, како и да побараат стручна помош.

Во рамки на отворените денови, ќе биде промовиран Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ, кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор. 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега