Возачи не ја пропуштајте оваа информација

Поради остатоци од снег на коловозoт, забрана за движење на камиони има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира Автомотосојузот на Македонија во утрискиот извештај за состојбата на патиштата.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има и на патниот правец Македонски Брод-Прилеп поради оштетување на дел од мостот на Сланска река. 

На патот Крупиште-Пробиштип кај  месноста Плочи во село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента во правец на Пробиштип-Крупиште сообраќајот се одвива наизменично само по десната коловозна лента.

Според информациите добиени во АМСМ од ЈП „Македонија пат“ сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози. Снег со многу слаб интензитет провејува на планиските превои Буково, Ѓавато и Крушево кој не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега