Дипломатски брифинг за Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција

Во Владата на Република Македонија денеска ќе се одржи дипломатски брифинг за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција - МАРРИ.

Брифингот се организира во рамки на македонското претседателство со МАРРИ, а ќе присуствуваат претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации присутни во регионот, како и на институциите кои имаат ингеренции во областа на миграциите.

Предвидено е, соопшти МВР, обраќање да имаат министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, амбасадорот Јон Ивановски, во својство на Национален координатор и Трпе Стојановски, директор на МАРРИ Регионалниот центар. 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега