Пратениците со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледаат Предлог-законот за дополнување на Законот за иновациската дејност во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог законот за изменување на Законот за шумите во второ читање, поднесен од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Марјанчо Колевски и Соња Талевска. Членовите на оваа Комисија ќе расправаат и по Предлог законот за водостопанство, Предлог - законот за дополнување на Законот за земјоделски задруги и Предлог-законот за изменување на Законот за хидрометеоролошка дејност, сите во прво читање. 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега