Џафери: Не е важна содржината - важно е од каде се снимките на Заев

„Мојот одговор е дека не е важен разговорот или автентичноста на разговорите, колку што е важно од каде се тие разговори и кој ги извадил нив, ги злоупотребил ако можам да кажам во овој случај", рече Муса Џафери, вицепремиер.   Вицепремиерот Муса Џафери не ја потврди, но ниту ја негираше автентичноста на наводниот телефонски разговор објавен неодамна од опозицијата во кој се слуша наводен разговор со шефот на Дирекцијата за контраразузнавање, Сашо Мијалков. За Џафери не се важни објавените разговори од страна на опозицијата, па ни нивната автентичност, туку фактот како се земени и кој ги објавува, пренесе Алсат-М.

„Мојот одговор е дека не е важен разговорот или автентичноста на разговорите, колку што е важно од каде се тие разговори и кој ги извадил нив, ги злоупотребил ако можам да кажам во овој случај", рече Муса Џафери, вицепремиер.

 Тој овие коментари ги даде при прашањата на новинарите за време на конференцијата на која ја претстави содржината на тематскиот конгрес кој е одреден за 28 и 29 март во Скопје. Џафери ќе ја раководи втората панел –дискусија на која ќе се расправа за доброто владеење и консензуалната демократија, која според Џафери треба да се примени во Македонија.

 „Што се однесува до доброто владеење, ние ќе инсистираме и претендираме дека на Македонија и е потребна консензуална демократија, комбинирана по принципот на Бадентер, каде посебен акцент е и правична и рамноправна распределба на јавните финансии односно буџетот, поделбата на власта врз принципот на правична адекватна застапеност на сите нивоа на државата, децентрализација соодветна за околностите на Македонија, што подразбира рамноправен територијален развој", рече Џафери.

 

 На Конгресот ќе се анализираат и резултатите од втората деценија од имплементирањето на Охридскиот договор. 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега