Груевски: Законот за волонтери ќе овозможи сигурност и заокружување на работничките права

Законот за волонтери ќе помогне на неколку илјади луѓе во државата, коишто долг период работат на различни основи во државните и јавните институции, веќе имаат стекнато големо искуство, некои од нив дури и поголемо од оние коишто се редовно вработени на неопределено време, некои во форма на волонтери, а некои во формна на разни договори на дело или на определено време.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски, по денешната промовција на 12 нови наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

-Ова е добра можност сите овие коишто веќе на некој начин се искусни кадри да ги завземат на неопределено време, да добијат некоја сигурност на своите позиции и да ги заокуружат своите права, затоа што многу од нив немаат содветни права како што имаат вработемите, а работат исто така напорно и успешно како што тоа го прават и вработените, посочи Груевски.

Рокот во којшто раководните лица на институциите кадешто има вакви луѓе-волонтери, со договори на дела или некоја друга форма, треба да ги потпишат решенијата со коишто ќе стапат во работен однос, истекува на 12.март годинава.

Според премиерот, ова е одлична можност и за самата државна институција, но и за самите луѓе коишто долго време работеле и се труделе, а не им се плаќале придонеси или земале минимални средства за волонтирањето, да добијат една сигурност и да продолжат со своето работење.

-Патувајќи низ Македонија на различни трибини се јавуваат луѓе од пиблика коишто прашуваа кога ќе се реши нивниот статус, луѓе коишто работат по 10-15 години, па дури и по 18 години особено во делот на здравството-медицински сестри, лекари што со години работат како волонтери, а досега не е решен нивниот статус, рече премиерот.

Инаку, Законот предвидува дека сите оние кои заклучно со ноември, имале таков статус најмалку во последните три месеци, со пауза не поголема од еден месец, да бидат прифатени во рамките на институциите каде што работат.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа