„Љубовници“ на Катерина Коцевска премиерно во Драмски

Во Драмски театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Љубовници“ по текст и во режија на Катерина Коцевска.

Станува збор за современа, урбана љубовна приказна меѓу гинеколог, адвокат и нивните сопруги. Не е дозволена за помлади од 16 години, може да ја гледа само повозрасната публика. 

Играат Билјана Беличанец Алексиќ, Зоран Љутков, Драган Спасов - Дац и Маја Вељковиќ Пановска. Сценографијата е на Филип Гуолевски, а за костимите се погрижи Раде Василев.

„Љубовници“ е напишана во 2009 година и не е прв текст на Коцевска. 

Како што информира Драмски, претставата е копродукциска и ќе биде ставена на редовниот репертоар на театарот. 

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега