Очигледно Заев не го чита неговиот „Вест“

Опозицискиот лидер Зоран Заев не само што не знае дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно кон крајот на 2012 година ги изгласаа измените на Законот за комуникациите, туку очигледно не го чита ниту неговиот „Вест“, кој пред само неколку дена пишуваше токму за ова.

Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање каде е улогата на мобилните оператори во целиот случај, рече дека самиот закон кога го носеле, алудирајќи само на ВМРО-ДПМНЕ, буквално операторите биле принудени да дадат приклучок, притоа заборавајќи дека измените на законот не ги донесе ВМРО-ДПМНЕ сам, туку измените беа донесени со консензус пред три години, кога и СДСМ изгласа полесно прислушкување.

-Јас и мојот правен тим овде видовме дека операторите немаат вина и не би сакал да грешам душа и да кажам нешто повеќе. Самиот закон кога го носеле, буквално тие се принудени да дадат приклучок, рече Заев. 

Ваквиот одговор на Заев покажа уште еден факт, дека лидерот на СДСМ не го чита опозицискиот „Вест“, кој на 17-ти месецов пишуваше „ВМРО и СДСМ заедно изгласаа полесно прислушување во 2012“.

-Власта и опозицијата пред три години, со двотретинско мнозинство изгласаа измени на Законот за следење на комуникациите, со кои се упрости постапката за прислушување. Со измените беа избришани цели членови од Законот кои ја стеснуваа можноста за евентуални злоупотреби на оваа мерка од страна на Министерството за внатрешни работи и од тајните служби. Невладиниот сектор и медиумите тогаш гласно предупредуваа дека со измените, практично, ќе се легализира прислушувањето, пишуваше „Вест“ пред само неколку дена, текст кој Заев очигледно не го прочитал.

„Вест“ пишува дека новиот закон е донесен со 96 гласа од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на НСДП, со објаснување дека со тоа се усогласува нашето со законодавството на ЕУ. Партиите, здружно го преформулираа првиот член од Законот во кој исчезна формулацијата услови за прислушување, а остана со закон да се уредува само постапката.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега