Вељаноски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Индија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Индија за Република Македонија, со седиште во Софија, Раџеш Кумар Сачдева при што му посака добредојде и успешна работа.

Амбасадорот Сачдева, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, изразил задоволство од средбата и посетата на Република Македонија, при што истакнал дека ќе се залага за натамошно продлабочување на досегашните пријателски односи меѓу двете земји.

Тој исто така го искажал своето задоволство од успешната посета на претседателот Вељаноски на Индија во 2013 година и изразил подготвеност и отвореност да се работи на продлабочување на парламентарната соработка со меѓусебно разменување на идеи и иницијативи.

Вељаноски искажал задоволство од постигнатото ниво на пријателски односи меѓу двете држави и од досегашната успешна соработка со Парламентот на Индија. На средбата Вељаноски упатил покана до новоименуваниот претседател на Лок Сабха на Парламентот на Индија, официјално да ја посети Република Македонија со што би возвратиле на големото гостопримство со кое беше пречекана македонската делегација во Индија.

Двајцата соговорници оцениле дека добрата парламентарна соработка меѓу две држави дава пример за добра соработка и на други полиња, дава добра слика на граѓаните како и на бизнис заедницата.

Вељаноски го истакнал значењето на економската соработка и притоа ја истакнал заложбата на Владата на Република Македонија за постојано подобрување на економските услови и бизнис климата во државата. Тој исто така изрази надеж дека наскоро ќе се привлечат индиските инвеститори со што ќе се помогне во остварување на целта да се подобари животниот стандард на граѓаните и да се зголеми конкурентноста на државата.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега