Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Париз

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска учествуваше на 11-от состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој се одржа во Париз.

На собирот се покренаа прашањата за дефинирање на програмата и стратегијата на Комисијата за тековната и наредната година, со поставување нова глобална развојна агенда.

Министерот Ивановски во Париз оствари средби со истакнати претставници од светот на информациско-телекомуникациските технологии, со кои размени мислења и идеи за актуелните состојби во ИКТ сферата.

Бројките на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ) покажуваат дека мобилниот широкопојасен интернет е најбрзо растечка технологија во денешниот свет. Бројот на мобилни телефони ја надминува вкупната светска популација, додека активните мобилни претплатници на широкопојасен интернет надминуваат 2,1 милијарди. Најголем напредок е забележан во земјите во развој, каде се зголемува за 90 отсто во делот на мобилната телефонија и 82 отсто на нови интернет корисници, од почетокот на 2010 година.

Состанокот го отворија претседателот на комисијата Карлос Слим и претседателот на Руанда, Пол Кагаме, а обраќања имаа и генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, како и генералниот секретар на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), Хуолин Жао.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега