Димишкова за РСМ: Со „бомбите“ Заев гази врз приватноста на новинарите

Масовно се кршат човековите права, се гази врз основното право на приватност, селективно се злоупотребуваат новинарите и медиумите за подигање на партискиот рејтинг.

Вака Слаѓана Димишкова, претседател на Македонската Асоцијација на Новинари (МАН) ја оценува состојбата во земјава по објавувањето на приватни разговори на новинари.

Во „Пулт“ на Радио Слободна Македонија, Димишкова испрати порака дека е потребно обединување за заштита на правата на граѓаните.

Од МАН очекуваат неселективен пристап и одговорност за сите кои стојат зад прислушувањето, но и за оние кои ги злоупотребуваат прислушуваните разговори.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа