Ученици од Quality Schools International го посетија Секретаријатот за европски прашања

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска прими група ученици од Quality Schools International кои имаа средба со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими. Учениците на возраст од 11 до 17 години се од различни земји и со нивните семејства живеат во Македонија.  

СЕП информира дека учениците имале можност да дискутираат за разни прашања, меѓу кои и за европските аспирации на Република Македонија и предизвиците со кои земјата се соочува во процесот на интеграција.

- Диверзитетот во оваа група и вашата поврзаност со Македонија ќе придонесе за посилна врска со нашата земја, што ќе ве направи идни амбасадори на Република Македонија, им порачал на учениците вицепремиерот Бесими. 

По завршувањето на дискусијата, учениците ги посетиле просториите на СЕП и се запознале со работата на неговите сектори.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега