ФОТО: Јолевски се сретна со офицерите на АРМ од мисијата ,,Одлучна поддршка“ во Авганистан

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата ,,Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамките на командата Север.

Министерот Јолевски посакувајќи им успешна и безбедна работа, на штабните офицери им порача дека со учеството во новата мисија на НАТО во Авганистан, Република Македонија ја искажа силната заложба за полноправно членство во алијансата. Изразувајќи цврсто убедување дека штабните офицери на АРМ достојно ќе ја претставуваат Република Македонија, министерот за одбрана изрази подготвеност за секаков вид на поддршка кон нив од страна на министерството и Генералштабот на АРМ.

За време на средбата, министерот Јолевски беше запознаен со работата и задачите на штабните офицери во рамките на командата Север од мисијата ,,Одлучна поддршка“.

Штабните офицери на АРМ во наредните шест месеци ќе извршуваат задачи на високи должности во рамките на командата Север во Мазар е Шариф, Авганистан, која е во надлежност на Германскиот Бундесвер.

Република Македонија го започна учеството во мисијата ,,Одлучна поддршка“, на крајот од декември 2014 година, со тринаесет штабни офицери на АРМ, кои се распоредени во командата Кабул и дваесет припадници како дел од единицата за обезбедување на главната команда на мисијата.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега