Изградба и обнова на инфраструктурата во Берово

Во општина Берово почна реализацијата на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2015 година.

 Со средства од општинскиот буџет и од државните фондови годинава на подрачјето на општината ќе бидат изградени и реконструирани повеќе локални патни правци и улици до населените места и  до туристичките локалитети, изјави градоначалникот на Берово, Драги Наџински, пренесува МИА.

Според Програмата, во Берово годинава  ќе бидат реконструирани коловозите и ќе се изградат тротоари на улиците „Малешевска„, „Неретва“ , „Страшо Пинџур“, „Маршал Тито“, „Ленинова“ и „Моша Пијаде“. Исто така, ќе се реконструираат пристапните патишта и неколку улици во селата Русиново, Ратево и Будинарци. 

Од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ информираат дека започнатата изградба во 2014 година  на улицата „Дамјан Груев“ ќе продолжи и ќе биде асфалтирана  од влезот на црквата „Св.Тодор“ до спојот со ул. „Индустриска“ , како и во потегот до Ормански поток.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега