Еве колку се независни новинарите на СДСМ- имаат заеднички фирми со функционери од СДСМ

Опозициската новинарка Оливера Трајковска и советничката на СДСМ во Град Скопје и висок партиски финционер на опозициската партија, Софија Kуновска се бизнис-ортачки, покажаа информациите од скандалот кој во јанаури минатата година го објави весникот ДНЕВНИК.

-Имено новинарката и политичарката имаат заедничка фирма, „Медиарт“ ДОО Скопје и тоа регистрирана уште во 2005 година. Управител на фирмата е Трајковска. Седиштето на фирмата е на улицата Христо Смирненски, бр. 54/2-24, во Скопје, пишуваше Дневник.

Дел од јавноста тогаш коментираше дека ова е прв случај во Македонија, а сигурно и пошироко, каде што е официјално и бесрамно еден новинар да има заедничка фирма со еден политичар, коментирајќи дека заедничката фирма на Трајковска и Куновска е скандал од врвни размери. 

Кој од јавноста после ова ќе поверува дека Трајковска во своите опсервации и анализи не трпи влијание од тоа што има заеднички интерес со Куновска? Кој ќе поверува дека е независна?

На времето екс министерот на МВР Томислав Чокревски велеше "политичарите и новинарите се во административен брак", но никој не веруваше.

Сега гледаме дека тоа било вистина, а овој случај е најголема потврда за тоа. Во Македонија СДСМ има новинари со кои основа заеднички фирми. Останува нејасно за каква слобода на новинарите зборува СДСМ, кога ова е класичен случај на мегазависност.

Секој напад на Трајковска во нејзините емисии упатени кон Владата не се ништо друго туку обид да се наштети на Владата и да се направи пат за власт на СДСМ и за нејзината бизнис партнерка Куновска. Можеби Трајковска размислува дека со Куновска на власт, нивната фирма ќе има можност за повеќе бизнис?

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега