Проектот за изградба на патот Старо Коњарево - Ново Коњарево треба да заврши до мај 2015 година

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ромео Тренов на денешната собраниска седница посветена на пратеничките прашања се интересираше за изградбата на регионалниот пат 1402 ,Старо Коњарево - Ново Коњарево, односно до која фаза се подготовките. 

 

-Сакам да истакнам дека овој проект начелно треба да се финансира со средства од Светската банка во текот на месец јули 2014 година склучен е договор за проектирање на овој пат и согласно договорот проектирањето на патот треба да заврши до мај 2015 година. Потоа кога ќе се подготви целата документација ќе се достави апликација до Светската банка и очекуваме до крајот на оваа година или почетокот на следната бордот на СБ да го одобри овој проект, одговори министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Граѓаните на Ново Село се соочуваат со проблем нефункционирање на Итната медицинска помош со домашно лекување, па Тренов побара одговор за тоа како ќе се надмине истиот.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски истакна дека треба да се распише оглас за вработување на медицински персонал со што би се решил овој проблем.

 

 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа