Набавена изолациска количка за транспорт на лица со инфективни заболувања за Здравствен дом-Скопје

Изолациска количка за транспорт на лица со сериозни инфективни заболувања, скафандери, одела, чизми и 15 дишни апарати набави Министерството за здравство. Станува збор за опрема која ќе биде стационирана во Здравствен дом Скопје и чини околу четири милиони денари, пренесе МИА.

Република Македонија е една од првите земји во поширокиот регион која има набавено ваква опрема. Освен за заболени од ебола, може да се користи и за транспорт на лица со САРС, колера итн.  Министерот за здравство Никола Тодоров денеска направи увид во опремата презентирана во кругот на Поликлиниката Букурешт во близина на Итната медицинска помош.

- Се надевам дека нема да има потреба да се употреби опремата. Ја набавуваме со цел здравствениот систем во Македонија да биде комплетно подготвен за справување со вакви несакани ситуации или последици од сериозни инфективни заболувања, посочи Тодоров.

- Опремата има посебен режим на чување. Предвидено е количката да биде чувана на едно место и да има одговорна установа која има обврска еднаш во период од шест месеци да ја проверува и да биде правен редовен сервис, истакна Тодоров.

Додаде дека опремата може да се користи за транспортирање пациенти од една во друга здравствена установа во државата, за транспортирање пациенти од Македонија во странство и обратно, за транспортирање со амбулатно возило и за авионски транспорт.

 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 16:14
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега