Нова спортска сала ќе никне во Миравци

 

Во гевгелиското населено место Миравци до oсновното училиште „Климент Охридски“ денеска беше поставен бетонскиот постамент врз кој ќе се гради нова спортска сала како дел од владиниот проект за изградба на 145 спортски сали во земјата.

Според проектот, овој современ енергетски ефикасен спортски објект ќе зафаќа површина од 650 метри квадратни и ќе располага со гардеробери, туш кабини, санитарни јазли, простории за сместување спортски реквизити, посебни простории за наставници и се очекува на 190 ученици да им ги обезбеди сите адекватни услови за одржување на наставата по предметот спорт и спортска рекреација.

Објектот ќе биде отворен и за воннаставни активности односно за одржување натпревари, како и за рекреација на жителите.

Спортската сала во Миравци ќе се гради со 24 милиони денари кои се обезбедени од буџетот на Република Македонија и од Банката за развој при Советот на Европа.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега