ТРАНСКРИПТ: Што точно зборуваат Љубе и посредникот за продажба на името?

Нови ексклузивни видео снимки се појавија на интернет каналот „YouTube“, на кои се докажуваат кривичните дела кои ги има направено Љубе Бошкоски за земање на пари за нелегално финансирање на кампањата за изборите во 2011 година. Еве што точно зборувале...

Љубе Терам кампањава топ. И така.

Посредник- немој после да ме забораваш.

Љубе Никогаш. Ти се колнам, во три деца ти се колнам.

Посредник- браво

Љубе еднаш....ние не сме пи*ки.....зборев дека Грците ни се пријатели ....сега имав интервју синоќа беше прикажано...

Посредник- што те прашаа дали го менуваш уставното име ха.

Љубе – јас им викам не го менувам уставното име, ама верувам кога ќе падне институционалниот поредок наречен Никола Груевски дека со нашата братска пријателска Грција ќе седнеме ќе разговараме. ПРАВАМ ФИНТА ме разбираш. Тие ни се пријатели. Ја мислам дека нашите пријатели ќе ни помогнат да го решиме ова прашење.

Љубе: СДСМ…само прашање кој ќе биде мандаторот, тоа е прашање

Посредник: Дали ти или они

Љубе: Брат сериозно, ама нема потреба јас да се фалам јас гледам на терен луѓе, без автобуси без ништо, а полни плоштади. Едино ќе ми треба, за Тетово ќе ми треба многу пари. Знаеш првиот и задниот митинг и за Охрид ќе ми требаат многу пари Посредник: Многу тешко ќе поминам на граница. Многу се пазам......за последниот митинг ако може нешто да соберам.... и се ќе ти дадам како што треба.

Љубе: Последниот митинг ми е во петок... Со едно 50 илјади ќе завршиме работа.

Посредникот: За митингот

Љубе: За митингот ни требаат автобуси од цела Македонија. Ми треба 100 автобуси, по 250 евра, 25 илјади евра.....

Љубе: Фала ти ме спасуваш

Посредник: Не заборавај

Љубе: Никат, фала ти брат, Никогаш.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега