Парична помош за земјоделците и семејствата погодени од поплавите во Дојран

Општина Дојран во наредните 30 дена ќе ја исплати паричната помош на земјоделците и семејствата за претрпените штети од невремето што го зафати регионот во месец јуни 2014 година.

Од општината информираа дека по доставениот збирен елаборат во кој беа евидентирани сите земјоделци и семејства што ги исполнуваа условите за пријавување штети, Владата на РМ одобри исплата на парична помош во висина од 15 отсто од проценетата штета и дека ќе бидат исплатени вкупно 5.742.000 денари.

Веднаш по невремето општина Дојран реагираше со исплата на 450.000 денари за брза санација на штетите на семејствата чии домови беа најпогодени, а сега општинарите велат дека помошта, особено за земјоделците, доаѓа во вистинско време за пролетната сеидба.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега