МОН објави конкурс за стипендии - еве за што се работи

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на 2 стипендии за студии од прв циклус и 3 стипендии за студии од втор циклус од областа на филмската уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија, на Film Academy of Performing Arts (FAMU) во Прага, Република Чешка.

Стипендиите се наменети за македонските граѓани, за академската 2015/2016 година, а ги обезбедува Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Сите подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги обезбедат на специјализираниот интернет портал за  доделување стипендии на Министерството за образование и наука, www.stipendii.mon.gov.mk.

Крајниот рок за доставување на документите до Министерството, на ул.„Св. Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, е 20.08.2015 година, додека ранг листата со избраните кандидати ќе бидe објавенa на 01.09.2015 година, на веб страната www.mon.gov.mk.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа