Нова цена на бензините во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, пред минатиот понеделник ја зголеми малопродажната цена на нафтените деривати за 3,5 односно 2,5 денари по литар. Тогаш просечната цена на суровата нафта на светските берзи изнесуваше 51.038 долари за барел. Сега, цената на лондонската берза врз основа на која се формираат малопродажните цени е за 11 долари по барел повисока или за повеќе од 20%. Тоа значи дека од утре можеме да очекуваме големо поскапување на бензините во Македонија. Проценките се дека цената би можела да оди нагоре за 4 до 5 денари по литар.

Останува да видиме каква цена на бензините не очекува денеска.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега