Црногорскиот вицепремиер во посета на Македонија

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и евроинтеграции на Црна Гора, Игор Лукшиќ, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

За време на средбата, министрите за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и на Црна Гора Игор Лукшиќ, ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка.

Се очекува да бидат разменети мислења за европската перспектива на сите земји од регионот, како и за глобалните и регионални безбедносни предизвици.

Попоски и Лукшиќ ќе потпишат меморандум за колокација на дипломатско - конзуларните претставништва.

За време на посетата Лукшиќ ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. 

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега