СКАНДАЛ: Снимките со Бошковски открија трговија со пратенички места

Снимките кои вчера се појавија на видео сервисот Јутјуб отвораат и нов мега скандал со трговија со пратенички места и со директно ангажирање на новинари од медиуми кои се под контрола на опозицијата. Опозицијата новинарите ги третирала како роба на пазар за добивање на попусти за рекламирање.

Видео снимките од кои јасно се гледа дека Љубе Бошкоски нелегално земал пари за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година и дека притоа  за возврат за тие нелегални пари што ги зема му ветува на посредникот промена на името на земјата доколку тој дојде на власт, не се единствените скандали кои го откриваат снимките.

Бошкоски на снимките јавно кажува дека во замена за помала цена за реклами на А1 телевизија, тој ќе постави една новинарка како кандидат за пратеник на втората позиција на листата на својата партија во четвртата изборна единица. Трговијата со пратенички места се договара на тој начин што Бошкоски ќе стави новинар од Велија Рамковски на листа за пратеник, а за возврат, рекламите на телевизјата да се наплаќаат по повластени цени, односно минимално.

Љубе:  Да, да, да, само да видиш, сега со парите кога ќе имаме ние да ги платиме и другите медиуми да можам да се рекламирам на Сител, на Tелма, на А1, ќе ставам еден човек од нив една новинарка што ја води емисијата Индекс

Посредникот:   Аха

Љубе:  Најверојатно. Таа Велија ми ја препорачува

Посредникот:  Аха, аха

Љубе:  И да биде на второ место во 4 та изборна единица. Со тоа на А1 минимално ќе им платиме на А1. Иначе тие се најскапи нели, во минутажа.

После ваквото признание на Бошкоски, се поставува прашањето дали и СДСМ добил попуст кај Велија Рамковски за рекламирање на А1 телевизија, ако се има во предвид дека двајца новинари на оваа телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска како претставници од здружената опозиција предводена од СДСМ и дел од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ успеаа да се изборат за пратенички места, кои според тврдењата на Бошкоски носеле и минимална наплата за рекламирање на А1.  

Опозицијата која цело време зборува за слобода, за права на новинари, за изборни правила, гледаме на дело како се однесувала. Новинарите ги третирала како роба на пазар за добивање на попусти за рекламирање. На овој начин, прекршени се сите изборни норми со трговијата со пратенички места и со изигрување на правилата за фер рекламирање преку директна спрега со сопственикот на телевизијата.  После ова, останува нејасно за каква спрега со медиуми опозицијата ја обвинува власта, кога овие снимки јасно покажуваат како фунционирала нивната мега спрега со медиуми.

 

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега