Јавноста згрозена од Бошкоски- кој е мотивот СДСМ да брани ваков човек?

Од снимките кои вчера се појавија на Јутјуб, на дело се гледа дека поранешниот претседателски кандидат и министер Љубе Бошкоски, земал пари за промена на името. Јавноста е згрозена од постапките на Бошкоски кој го продава името на државата, како да е на пазар.

На снимките јасно се гледа дека Љубе Бошкоски нелегално зел пари, за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година, пари кои не ги пријавил и за кое дело подоцна е осуден врз основа на несоборливи докази.  

Уште поглем скандал според граѓаните е што на истите тие снимки, се гледа дека за возврат за тие нелегални пари што ги зема, Бошкоски на посредникот кој зборува македонски јазик, со забележлив грчки нагласок, му ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.

Посредникот:  Само да знаеш грчката влада е воодушевена од тебе.

Љубе: Да

Посредникот:  Се е до сега како што треба, само молимте Љубе после тоа сакам и ти да придонесеш, стварно да го решиме проблемот со името. Преку глава ни е.

Љубe: Јас сега им викам, го тепам Никола Груевски, му викам кого праша ти за Република Македонија Скопје.... Охриѓаните ги прашаа битолчаните, знаеш се навраќам на патриотска карта, за да ги добијам неговите гласови, тој игра на лажна карта... Знаеш ќе им кажеш ти на твоите јас сега ќе глумам малце лудило, зошто Љубчо најотворено се лигави. Љубчо она што го прави тоа не е добро ни за Грција. Јас мислам вака-вика мора да се смени името Северна Македонија, оптимално решение и јас не го коментирам Љубчо. Јас ќе играм сега на патриотската, и после АЈЈ ќе го решиме во два дена, со тебе заедно!

Посредникот: Мислам северна е перфектно име, нема тука, тоа е еден географски поим што го дава самото име.

Љубе: Така де, така е

Посредникот:  Да бидам искрен ништо не се губи.

Ваквото фалење на Бошкоски, каде вели дека ќе ги “изработи“ граѓаните, а потоа за два дена ќе го смени името предизвикаа вистинска згрозеност на граѓаните, покажуваат коментарите кои можат да се забележат на социјалните мрежи. Бошкоски се фали, директно навредувајќи ја интелегенцијата на народот за кој очигледно смета дека е малоумен, па тој лесно ќе го изманипулирал.

Посредникот:  Јас ќе те чекам, утре ќе збориме повеќе. Слушај сега, јас направив, јас за една недела точно ќе ти ги дадам СЕДУМДЕСЕТ...

Љубе:  Добро

Посредникот:  Седумдесет илјади. И другите како ќе ги сакаш, постепено?

Љубе:  Како ќе оди кампањата, така

Посредникот:  Така, ќе ми кажуваш ти, ќе ми кажуваш ти, ќе ја правиме така.

Љубе: Најважно да можам да замислам дека ќе имам.

Посредникот:  За недела дена толку.

Љубе:  Па не.

Посредникот:  Колку?

Љубе:  Па пола од тоа ако може на овие денови ќе биде топ

Посредникот:  За добар ден што викаат, со арно нека бие и со крстот нека ти помогни

Љубе:  Фала ти брат

Љубе: Овде колку има десетка

Посредникот:  Десетка

Љубе:  Добро брат, фала ти многу

Дополнителен скандал претставува фактот што СДСМ брани ваков човек, со што се поставува и прашањето кој е мотивот на опозицијата да застане во одбрана на човекот кој го продава името и за тоа има очигледни докази. СОРОС и Бранко Героски  уште синоќа први застанаа во одбрана на промената на името, кое Љубе Бошкоски го договара со посредник според снимките. Наместо да го признаат она што е на очиглед на јавноста, Героски и СОРОС со манипулации продолжија да го бранат Бошкоски. Тие застанаа во одбрана на Бошкоски со што излегуваат смешни во очите на јавноста и го навлекуваат гневот на граѓаните.

Дали ваквото однесување на Героски, СОРОС и СДСМ се поклопува со свитканата кичма на лидерот на опозицијата Зоран Заев па затоа го бранат, иако на дело се гледа како се продава име за пари?  Откако одекна мега скандалот на Бихаќка владее молк. Од таму веќе се познати лабилни ставови околу ова прашање.

"Македонија мора да направи отстапка во делот на меѓународната употреба на името, имајќи ја предвид тешката економска состојба во државата, како и извесното заострување на изолацијата однадвор, а особено од страна на Грција и нејзините поддржувачи", изјави потпретседателот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа. 

"Не верувам дека постои политичка партија во државава која ќе има храброст да разговара за македонскиот идентитет, култура, јазик", вели Заев. "Но, она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да 'свиткаме кичма', како што знаат старите да кажат. Премногу ни е важна економската иднина на граѓаните", истакнува Заев. 

Бошкоски во видеото за националност на граѓани, северна или јужна Макеоднија лицитира како на пазар. Снимките предизвикаа голем револт и жестоки реакции во јавноста. Според коментарите под снимката, луѓето се згрозени од постапките на Бошкоски и покажуваат згрозеност од неговите постапки со  кои буквално го продава името на државата.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа