Катастарот ги отвора своите врати за граѓаните

Агенцијата за катастар на недвижности ги информира граѓаните дека наредната недела во Центарот за катастар на недвижности – Скопје, ќе бидат отворени вратите за граѓаните од подрачјето на Град Скопје од 9 до 17 часот.

-Ги повикуваме сите граѓани кои имаат било какви нејаснотии поварзани со катастарот да дојдат и заедно да надминеме истите, велат од Катастарот.

Исто така граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9 до 16 часот на следниве телефони: 3097-300 и 3097-337.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега