На Голак се одбележува годишнината од Февруарскиот поход

Со пригодна програма денеска во Делчево се одбележува 71-годишнината од престојот на планината Голак на група баталjони на НОВ и партизанските одреди на Македонија.

Претставници на општина Делчево, Сојузот на борците и на планинарски друштва положија цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход на планината Голак, на  местото каде во далечната 1944 предводени од генерал Михаило Апостолки пристигнале група баталјони на НОВ И ПОМ, повлекувајќи се од Егејскиот дел на Македонија.

Преживеани учесници во Февруарскиот поход евоцираа спомени за тој историски настан, а се одржа и културно-забавна програма.

Во одбележувањето на оваа значајна годишнина од НОБ на македонскиот народ против фашизамот  учествуваа и планинарите од Делчево и од неколку други места од земјава, изведувајќи го традиционалниот марш.

Стартната точка на маршот е пред Спомен-домот на АСНОМ, а цел е планинскиот врв Чавка на надморска височина од 1.536 метри. Патеката е долга 24 километри со висинска разлика од 900 метри.

- Маршот е во организација на трите планинарски друштва „ПОП“, „Голачка срна“ и „Голак“ од Делчево, а имаме учесници од Пехчево, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка, Кочани, Виница и од други планинарски друштва, изјави Зоран Поповски, еден од најактивните планинари.

Општината Делчево во просториите на „Македонски шуми“ на Голак за  учесниците на прославата на Февруарскиот поход приреди заеднички ручек. 

Покрај спомен-обележјето на Февруарскиот поход, планинарите ги посетија и конаците на манастирскиот комплекс „Св.Богородица-Балаклија“ и црквата „Св.Панталејмон“ на Голак.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега