Хан: Собраниски комитет за аферата „Прислушување“

Аферата „Прислушување“ треба да ја разрешат надлежните институции, но ако е неопходно исто така треба да има комитет во Парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Парламентот, вели еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето дали гледа шанси за враќање на политичкиот дијалог во земјава, Хан вели: „Мислам дека ова е неопходно и е дел од зрелоста на демократијата-да се има дијалог и отворени канали за разговор. Секако, никој не бара од сите да се согласат за сè, но во добро развиена демократија мора да има култура на пронаоѓање компромиси“.

За тоа дали проблемот со името останува клучен предуслов за нашите евроатлански интеграции, еврокомесарот истакнува дека овој спор е нешто што има билатерални импликации.

- Јас мислам дека поважен и порелевантен е развојот за земјата, општеството, економијата, станува збор за борбата против корупцијата, транспарентноста и независноста на судството, сè што е поврзано со владеењето на правото и перформансите на економијата. Сè заедно треба да се гледа како еден пакет. Мора да бидеме амбициозни, но од друга страна и доволно трпеливи за да ги постигнеме овие цели, изјави Јоханес Хан во интервјуто за Радио Слободна Европа.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа