Кој е мотивот на СДСМ да бранат човек што земал пари за продажба на името?

Македонската јавност е шокирана откако на интернет каналот „Јутјуб“ се појавија видео снимки од кои јасно се гледа дека Љубе Бошковски нелегално зел пари, за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година.

Скандалозно е тоа што на видeо снимките се гледа дека за возврат за тие нелегални пари што ги зема, Љубе Бошкоски на посредникот кој зборува македонски јасик, со забележлив грчки нагласок, му ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт. Љубе Бошкоски стана актуелен откако вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави аудиo снимки поврзани со неговото апсење, притоа тврдејќи дека тие искреирани материјали биле доказ дека случајот со Бошкоски бил политчки мотивиран.

После овие снимки, јавноста наспроти тврдењата на Заев веќе нема дилеми дека Бошкоски нелегално зел пари, за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година. Скандалозните снимки кои се појавија во јавноста неминовно го отвораат прашањето кој е мотивот на СДСМ и Зоран Заев да бранат човек што земал пари за продажба на името?

Посредникот со грчки нагласок на снимките му кажува на Бошкоски дека грчката влада е воодушевена од она што Љубе го прави,а Бошкоски во видеото говори дека сега мора да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена.

СДСМ отворено го бранеше Љубе Бошкоски, а јасно излезе на виделина дека тој за пари го продава името. Меѓу прашањата кои се наметнуваат е тоа дали СДСМ се согласуваат со ова и дали можеби и тие учествуваат во вакви работи?

На денешниот протест пред Владата, организиран токму од СДСМ, една од главните пораки беше барањето за „Слобода за Љубе“, на кој присуствуваа високи фунционери на најголемата опозициска партија. После овие снимки кои се појавија во јавноста, СДСМ треба да им се извини на своите поддржувачи што ги прати пред Владата да бранат човек кој за пари  ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.

KURIR

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега