ВИДЕО: Љубе Бошкоски го продава името на државата за пари

На интенрет каналот „Ју Тјуб“ се појавија видео снимки од кои јасно се гледа дека Љубе Бошковски нелегално зел пари, за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година.

Скандалозно е тоа што на видо снимките се гледа дека за возврат за тие нелегални пари што ги зема, Љубе Бошкоски на посредникот кој зборува македонски јасик, со забележлив грчки нагласок, му ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт Снимките јасно покажуваат дека поранешниот македонски министер и посредникот договараат давање на 70.000 евра за Бошкоски, а посредникот му дава во еден момент 10.000 евра и со потег со раката го крсти Бошкоски викајќи со господ напред да ти е, јавува Нетпрес.

Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега мора да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена.

Видеата отвораат и нов скандал со трговија со пратенички места, и со дирекнто ангажирање на новинари од медиуми кои се под контрола на опозицијата. Бошкоски јавно кажува дека во замена за помала цена за реклами на А1 телевизија, тој ќе постави една новинарка како кандидат за пратеник на втората позиција на листата на својата партија во четвртата изборна единица.

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа